ФУДБАЛ

Попопуларен и поуспешен од Сити и ПСЖ: Арапите го купуваат најголемиот клуб досега!

Повеќе од една деценија, фондовите од арапскиот свет инвестираат пари во фудбалот и купуваат клубови.

Благодарение на газдите од Катар и ОАЕ, ПСЖ и Манчестер Сити полека но сигурно влегоа во групата на најважните и гламурозни клубови на денешницата.

Нешто слично би можело да се случи и со Њукасл Јунајтед откако пред неколку месеци саудискиот принц Мохамед бин Селман со својот ПИФ фонд го направи овој клуб најбогат на светот.

Според најавите на италијанските медиуми, поголем клуб од сите досегашни би можел да падне во арапски раце. Тоа е Милан.

Милан често ги менуваше сопствениците во последните години, особено по заминувањето на Силвио Берлускони, кој го направи Милан еден од најголемите и најуспешните клубови во светот во 30-годишното управување.

Милан го купија фондот Инвесткорп, основан во 1982 година од Немир Киндар во Бахерин. Првично беше мост помеѓу Персискиот Залив и остатокот од светот, за сега да стане глобално влијателен.

Станува збор за фонд кој работи во бизнисот со приватен капитал, недвижен имот, инфраструктура, стратешки капитал и многу други, а неговиот имот се проценува на 100 милијарди долари.

Моментално менаџерските права се во сопственост на фондот Елиот, а Милан ќе го продаде Инвесткорп за сума од околу една милијарда евра, пишуваат италијанските медиуми.

Откако Милан ја победи Џенова со 2-0 и повторно изби на кормилото на Серија А, честитки пристигнаа од Мохамед Ал-Арди, претседателот на Инвесткорп.

„Честитки до Милан за враќањето на врвот во италијанската лига. Среќен Велигден на сите во клубот, на навивачите и на сите кои го слават овој празник“, рече Ал Арди.

Според најавите од Апенините, предавањето на сопственоста ќе се случи до крајот на сезоната, а целта на сите е што поскоро да се заврши продажбата.

ПОВРЗАНО

Серија А