ФУДБАЛ

Поради бизарна причина, натпреварите на Европското првенство не можат да се играат на „Енфилд“.

На крајот на следната година УЕФА треба да објави кој ќе биде домаќин на Европското првенство во 2028 година.

УЕФА вообичаено ја објавува одлуката за домаќин на Европското првенство пет години претходно за да може земјата или земјите да се подготват за се што треба да имаат кога ќе започне големото натпреварување.

Познато е дека некои земји веќе се пријавиле за домаќин, а многумина сметаат дека фаворити за организација на Европското првенство во 2028 година ќе бидат Англија, Велс, Шкотска, Ирска и Северна Ирска, кои сакаат заедно да го организираат ова натпреварување.

Покрај тие земји, кандидатура за организација на Европското првенство во 2028 година поднесоа и Русија и Турција, а конечната одлука ќе биде донесена на крајот на следната година.

Сепак, многумина веруваат дека фаворити се Англија, Велс, Шкотска, Ирска и Северна Ирска и дека во 2028 година ќе го гледаме ЕП во овие земји.

Сепак, медиумите во Англија објавија дека легендарниот Енфилд нема да се најде на списокот на стадиони домаќини. Многумина очекуваа дека стадионот на Ливерпул ќе биде домаќин на натпревари од Европското првенство бидејќи е еден од најпознатите терени во светот, но за жал тоа нема да биде случај.

Енфилд не може да биде домаќин на натпревар од Европското првенство бидејќи не исполнува едно правило на УЕФА кога е во прашање ова големо натпреварување.

Имено, правилото на УЕФА е теренот на кој се игра натпреварот да биде долг 105 метри и широк најмалку 68 метри, што Енфилд не го исполнува. Стадионот на Ливерпул е долг 101 метар и не може да биде продолжен поради близината на трибините зад голот.

По изборот на домаќинот на ЕП 2028, ќе се изберат 16 стадиони на кои ќе се играат натпреварите, а за жал на Енфилд ќе остане само желбата на навивачите на Англија да го следат натпреварот на својата репрезентација на тој стадион.

Репрезентацијата на Англија последен пат одигра пријателски натпревар против Уругвај на „Енфилд“ во 2006 година, кога победи со 2:1. Своите натпревари најчесто ги играат во Лондон на стадионот „Вембли“, кој сигурно ќе се најде на тој список доколку овие земји бидат домаќини.