ФУДБАЛ

Поради изјавата на менаџерот на Роналдо, фановите на Јувентус во „транс“

Пред неколку дена се одржа гала вечер во Дубаи каде беа доделени награди, Роналдо прогласен за најдобар фудбалер, а неговиот менаџер Жорж Мендеш за  најдобар во таа професија.

Сепак, една негова изјава ја разбуди фантазијата на навивачите на Јувентус. Го прашаа дали е можно да ги видиме Кристијано Роналдо и младиот Жоао Феликс во ист клуб, Мендеш одговори:

-Роналдо ќе игра уште 4-5 години. Дали можам да го видам Жоао Феликс во ист тим со Роналдо, па се е можно.

Жоао Феликс пред почетокот на сезоната од Бенфика пристигна во Атлетико Мадрид, а веќе го доби прекарот „Новиот Роналдо“.