Според некои информации од Италија, тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри, има отпишано три играчи.
Наводно Алегри му порачал на Бенатиа да го напушти клубот, а причината за тоа е конфликтот со тренерот, и сето ова неодоливо потсетува на случајот на Леонардо Бонучи, кој минатото лето слично заврши во Милан.
Иако имаше добра сезона, Банатиа би можел да заврши во Марсеј, но не е единствениот кој може да замине од Торино ова лето.
За Клаудио Маркизио, исто така, нема место во шампион на Италија, и во медиумите се споменува можноста да оди на МЛС, а куферите, наводно ги спакувал и Стураро, од кој Алегри не беше премногу задоволен.
Веќе јасно дека Џиџи Буфон заминува од Јуве, заминува и Стефан Лихштајнер, но ќе пристигнат неколку врвни играчи, а единственото сигурно засилување е Емре Џан од Ливерпул, додека други засилувања, Јуве ќе бара во наредниот период.