ФУДБАЛ

Поради коронавирус нема да има ниту прес-конференција на „Местала“

Фудбалерите на Валенсија утре играат на домашен терен против тимот на Аталанта реванш дуел од 1/8 финале во Лигата на шампиони.

Аталанта во првиот натпревар пред неколку недели славеше со 4:1. Италијанскиот тим е веќе со една нога во четвртфиналето, што би претставувало историски успех.

Но, Валенсија сигурно нема да се предаде толку лесно и ќе се обиде во реваншот да го надомести заостатокот. Единствената лоша работа е што овој натпревар ќе се одигра на празните трибини заради коронавирусот.

Коронавирусот создаде големи проблеми во светот на спортот, а тоа многу се рефлектира на најдобрите лиги во светот. Во Валенсија многу се плашат од последиците и епидемијата, поради што се решија на уште еден неочекуван потег.

Поточно, шпанскиот клуб денеска објави дека нема да има официјална прес-конференција на тренерите пред утрешниот натпревар. Поради коронавирусот, тие откажаа какво било обединување на стадионот, вклучително и прес-конференција, што е малку неверојатно.