ФУДБАЛ

Поради коронавирусот, двете sвезди на ПСЖ го пропуштаат дуелот со Баерн

Во среда, Баерн и ПСЖ ќе го одиграат првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Алесандро Флоренци, искусен фудбалер на ПСЖ, нема да биде во конкуренција за дуелот со Баерн откако беше објавено дека тој е позитивен на коронавирус.

Неговиот соиграч од парискиот клуб и репрезентација, Марко Верати исто така има коронавирус и нема да игра против актуелниот европски шампион.

Баерн исто така ќе биде ослабен во среда, бидејќи Роберт Левандовски се повреди на мечот меѓу Полска и Андора, а под знак прашалник е и неговиот настап на реваншот.