ФУДБАЛ

Поради коронавирусот, Роналдо го напушта Јувентус

Според португалскиот весник „Диариогол“, ѕвездата на Јуве ова лето италијанскиот шампион може да го замени си францускиот шампион ПСЖ.

Јувентус ќе има сериозни финансиски проблеми поради коронавирусот, а платата на Роналдо изнесува 30 милиони евра, што е навистина многу. „Диариогол“ исто така пишува дека агентот на Роналдо, Жорже Мендеш има понуда од ПСЖ.

Французите се заинтересирани да го доведат Роналдо во своите редови и ќе се обидат да ја искористат оваа ситуација во нивна корист.

Инаку, Роналдо има договор со Јувентус до јуни 2022 година.