Напаѓачот на Уругвај, Единсон Кавани е слободен агент уште од истекот на неговиот договор со ПСЖ.
Од претходно беше познато дека тој ќе го напушти ПСЖ, па шпекулациите продолжуваат долго време за тоа каде може да ја продолжи кариерата.
Наводно, неговото заминување во Бенфика е близу до реализација, но тоа не успеа поради барањата на Кавани во врска со платата. Тогаш се појави информација дека тој дури може да замине во Реал Мадрид, ако Кралевите ги продадат Лука Јовиќ и Маријано Дијаз ова лето.
Скај Спорт Италија сега тврди дека „Ел Матадор“ имал понуда од Јувентус и дека би можел да склучи соработка со Старата дама ова лето.
Сепак, Кавани, наводно, ја отфрлил можноста поради љубов кон неговиот поранешен клуб, Наполи. Тој едноставно не сакаше да се приклучи во редовите на омразен ривал.
Единсон Кавани играше за Наполи од 2010 до 2013 година. Во дресот на овој клуб одигра 138 натпревари и постигна 104 голови.