ФУДБАЛ

Поради пандемијата ФА губи 100 милиони фунти

Како што јавуваат британските медиуми, поради коронавирусот ФА ќе загуби огромна сума на пари.

Според „Тајмс“, организацијата ќе изгуби околу 100 милиони фунти.

Поради пандемијата, вчера УЕФА го одложи ЕП 2020 за следната година. Во Англија, како и во скоро сите други европски земји, домашните лиги се суспендирани.

Клубовите на ПЛ стравуваат дека нема да можат да ја завршат сезоната. Во Англија треба да се доиграат повеќе натпревари во споредба со другите Европски првенства.