Фудбалерот на Барселона, Феран Торес се опоравува од повредата на тетивата здобиена минатиот месец поради која не играше натпреварот против Реал Сосиедад во неделата.

Каталонците беа поразени со 1-0 и наместо на натпреварот со Сосиедад, Феран отпатува во Валенсија за да помогне во спасувачките напори во поплавените подрачја во Шпанија. Во претходната недела, Валенсија беше погодена од огромни поплави, а ураганот Дана на крајот однесе повеќе од 200 животи, а уништи и многу домаќинства. Играчот не ја најави посетата на Валенсија на социјалните мрежи, но еден од жителите сподели фотографија со него и на тој начин го забележа неговото присуство во градот.
