Погба уште најмалку еден месец ќе биде надвор од фудбалските терени поради повредата на глуждот.
„Мислам дека нема да го видиме Пол до декември. Тој е надвор од тимот долго време. Му треба време да се опорави целосно. Можеби во декември ќе можеме да го видиме на теренот“, изјави Солскјер.