Иако УЕФА им забрани на навивачите да гостуваат, некои тоа не го почитуваа. Според грчките медиуми, околу 200 членови на БББ пристигнале во Атина и направиле бунт со пријателската група Порта 13.
По тепачка меѓу хулигани и нереди во грчката престолнина Атина во кои загина маж, УЕФА го одложи натпреварот на АЕК против Динамо во 3. прелиминарно коло од Лигата на шампионите. Се уште не е познато кога ќе се одигра натпреварот, но сигурно е дека нема да биде вечерва.
– Натпреварот од 3. прелиминарното коло од Лигата на шампионите на УЕФА помеѓу АЕК и Динамо, закажан за вторник, 8 август, е одложен со одлука на УЕФА. ГНК Динамо навреме ќе ја информира јавноста за новиот термин на одигрување како и за сите новости поврзани со оваа тема – напишаа од Динамо.
