Војната во Украина трае веќе две недели и Русите немаат намера да престанат додека не ги постигнат зацртаните цели.
Настаните од војната почнуваат да имаат последици не само врз украинските и руските спортски тимови, туку и врз некои кои се оддалечени со километри од местото на конфликтот.
Меѓу клубовите кои ќе го платат најголемиот цех е и Евертон, познатиот клуб од Гудисон Парк, кој тоне на дното поради санкциите лошите резултати.
„Карамелите“ се поразени во последните четири од пет дуели. Моментално се на 17. место и со еден бод надвор од опасната зона. Пред неколку дена примија пет гола од Тотенхем.
Во периодот од 2017 до 2020 година Евертон направи загуба од 260 милиони фунти или 312 евра. Финансиска ситуација која во нормални услови Премиер лигата не би ја дозволила бидејќи границата на максимална загуба е 105 милиони фунти.
Пандемијата на коронавирус горе-долу ги спаси „Карамелите“, кои по британските санкции против Русија влегоа во нов огромен проблем.
Имено, договорот со Алишер Усманов, кој е тесно поврзан со Владимир Путин, е откажан, па спонзорството вредно 300 милиони фунти или 360 милиони во следните 20 години евра, едноставно пропадна.
Дејли Мејл наведува дека на Евертон му се заканува и одземање на бодови бидејќи е на работ да ги прекрши правилата за профит и одржливост.
Раководството на Премиер лигата им даде рок на сите клубови до крајот на месецот да поднесат финансиски извештаи и да ги дадат своите деловни прогнози за остатокот од сезоната.
После тоа ќе следи детална анализа која трае долго, а клубовите кои ги прекршуваат правилата на потрошувачите се соочуваат со одбитоци.
Евертон е свесен за оваа ситуација и наводно веќе побарал состанок со претставници на ПЛ за да разговараат за финансиската состојба во клубот.