ФУДБАЛ

Поради Зидан се уништува традиција постара од половина век?

Зинедин Зидан се уште е без ангажман.

Се шпекулираше дека популарниот „Зизу“ го чека на француската клупа, но се поголеми се шансите Дешан да остане на чело на „триколорите“ и по уште едно финале на Мундијалот. Французите сакаат да го нападнат ЕУРО 2024.

Прашање е колку Зидан е подготвен да ја чека конечната одлука на француската ФА, особено ако Бразилците се подготвени да му веруваат и да му ја дадат клупата на „селесаа“!

Л’Екип пренесува дека Зидан ги исполнува сите услови за нов селектор на Бразил. Тој е странец, има одлична кариера и е сингл. Планот на јужноамериканската репрезентација е првпат да го препушти раководството на првиот тим на Бразил на странец, нешто што не се случило од 1965 година кога Бразилците ги предводеше Аргентинецот Филипо Нуњез.