Фудбалерот на Реал Мадрид, Карим Бензема, ќе го започне вечерашниот натпревар против Ваљадолид, прв по паузата во шпанската лига поради Светското првенство.
Според составот кој го објави Реал на социјалните мрежи, Бензема ќе биде во стартниот тим, пет недели откако поради повреда на бутот мораше да ја напушти француската репрезентација пред почетокот на Мундијалот.
Капитенот на Реал не играше два месеци, во меѓувреме реши да ја заврши репрезентативната кариера во селекцијата на Франција откако селекторот Дидие Дешам реши да не го повика пред финалниот натпревар на Светското првенство во Катар.
Заедно со Бензема, во нападот на Реал ќе играат и Винисиус Жуниор и Марко Асенсио на вечерашниот натпревар кој започнува од 21 часот и 30 минути.
📋✅ ¡Nuestro 𝗫𝗜 inicial 🆚 @realvalladolid!
ℹ️ Cambio en nuestra alineación. @edermilitao es baja de última hora por una indisposición.#RealValladolidRealMadrid | @UnicajaBanco pic.twitter.com/yZQTVKx6eH— Real Madrid C.F. (@realmadrid) December 30, 2022