ФУДБАЛ

Порака од Реал – Не потпишувај за Баерн, ние доаѓаме по тебе!

Алфонсо Дејвис е избраниот лев бек на Реал Мадрид од сезоната 2024/25!

Познатиот германски новинар Флоријан Плетенберг денеска откри дека челниците на Реал Мадрид се во постојана комуникација со агентите на Алфонсо Дејвис и дека од следната сезона го посакуваат Канаѓанецот во својот тим.

Тој тврди дека Реал Мадрид е главната причина поради која Дејвис ги одбива преговорите со Баерн, односно зошто барал огромна плата од 10 милиони евра, што Баварците го одбиле, па сите понатамошни разговори биле блокирани.

Дејвис има договор до јуни 2025 година, што значи дека на лето ќе влезе во последната сезона, па така Баерн нема да има друг избор освен да го продаде по намалена цена.

Наводно, Реал би можел да го доведе одличниот Канаѓанец за само 40-50 милиони евра, што навистина не се многу пари за играч чија кариера е пред него и кој е еден од најдобрите леви бекови во Европа.

Со доаѓањето на Дејвис, јасно е дека Реал Мадрид ќе го напушти Ферлан Менди, кој летово беше на трансфер листата, но немаше реални понуди.