Водителката на програмата „Дето Фато“ на италијанската телевизија „Раи Дуо“, Бјанка Гуацеро беше изненадена вчера во живо во емисијата, бидејќи доби роза и порака од францускиот дефанзивец Адил Рами.
Рами му испрати роза, но како анонимна личност, а потоа и порака, поканувајќи ја на состанок: „Здраво Бјанка. Јас сум во Ница а ти си во Милано, така што не сме премногу далеку “.
Сепак, италијанската убавица реагираше веднаш и појасни дека таа и Рами не се познаваат одблизу и дека дефанзивецот едноставно и пишал на Инстаграм, каде не ги поштеди своите комплименти.
