Антонио Касано, некогашен репрезентативец на Италија, кој играше за Бари, Рома, Интер, Милан, Реал Мадрид, вели дека е најголемиот фрлен талент.
Кога играше за Бари на почетокот од кариерата многумина му предвидуваа дека ќе биде еден од најдобрите напаѓачи во светот.
-Вуквално уништив се што можеше, јас сум најголемиот фрлен талент во историјата, изјави Касано за Скај Спортс и додаде:
-Не сакав да тренирам, ги навредував луѓето, се карав од сабајле до вечер. Ја надминав линијата многу пати, вели тој.
Касано играше за Бари, потоа Рома, па Реал Мадрид, Сампдорија, Интер, Милан, Парма и Верона. За селекцијата на Италија забележа 39 настапи.