Протести против рускиот лидер Владимир Путин се одржуваат во Москва.
Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Даниел Агер, исто така беше на протестите за поддршка на опозицискиот лидер Алексеј Навални.
Медиумите во Русија пишуваат дека поранешниот репрезентативец на Данска бил уапсен во саботата и дека ќе биде сослушан во понеделник, односно денес, бидејќи, како што го опишуваат Русите, за учество во нелегални протести.
Сега на Агер му се заканува парична казна од 10.000 до 20.000 руски рубли, со задолжителна хуманитарна работа, а доколку тој одбие, ќе биде осуден на 14 дена затвор.
Се разбира, мистеријата е од каде се најде Агер во рускиот главен град и каква врска има со Путин и таа земја.