ФУДБАЛ

Поранешен соиграч и голем пријател се пожали дека Роналдо ги игнорира неговите повици

Кристијано Роналдо сакаше да го промени клубот по само една година од неговото враќање во Манчестер.

 

Португалецот не е задоволен во Манчестер, иако освои многу трофеи во тој град и во тој клуб и ја испиша историјата на славниот англиски клуб пред да замине во Реал Мадрид. Неговиот статус во Манчестер во моментов е нејасен, не се знае дали ќе остане, ниту дали има желба да го носи дресот на овој клуб следната сезона, под водство на новиот тренер Ерик тен Хаг.

Не е исклучено и заминувањето на Роналдо, а денеска се појави неверојатна приказна за неговиот трансфер во редовите на Атлетико Мадрид. Португалецот се уште е на одмор, додека поголемиот дел од тимот на Манчестер е многу активен.

 

Роналдо очигледно не се откажува од заминувањето од Олд Трафорд, а дали ќе успее и во кој клуб ќе заврши останува да видиме.

Во меѓувреме, неговиот поранешен соиграч и голем пријател, Нани, призна дека не му се јавува на телефонот, а доколку се јави, најчесто добива кратка порака дека не е време за разговор.

 

„Кога е на пат или на одмор, не сака да се јавува на телефон. Се обидов да разговарам со него, но тој само еднаш ми кажа дека е зафатен и готово“, вели Нани.

 

Роналдо минатото лето по 12 години се врати во Манчестер, но не импресионираше во својата камбек сезона. иако постигна 18 гола во Премиер лигата. Јунајтед не успеа да ја освои Лигата на шампионите, а ова се наведува како една од главните причини зошто 37-годишната ѕвезда планира да си замине.

 

Нани беше прашан за статусот на Роналдо во Манчестер и тој рече дека најдобро би било да остане, но секако дека ќе ја почитува неговата одлука, каква и да биде таа.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига