ФУДБАЛ

Поранешната мета на Клоп пристигнува во Арсенал?

Францускиот фудбалер Набил Фекир конечно би можел да сонува да игра во Англија.

Дваесет и шестгодишниот Фекир имаше „комплетен“ трансфер во Ливерпул пред да дојде во Бетис.

Официјалната верзија е дека Ливерпул се откажал поради повреда на коленото, иако агентот тврди сосема поинаку, сепак, благодарение на одличните игри во Ла Лига, тој е повторно во ситуација да потпише за еден од најголемите клубови во Англија.

Локалните медиуми објавија дека Арсенал сака да го донесе Фекир, Микел Артета го гледа како идеална замена за Дани Себалос, кој е на едногодишна позајмица од Реал Мадрид и е сигурен дека ќе се врати во Сантијаго Бернабеу во текот на летото.

„Дејли стар“ пренесува дека „Топџиите“ се надеваат дека голема улога во овој трансфер може да игра поранешниот соиграч на Фекир, Лион Александре Лаказкет, кој би можел да го убеди да го избере Арсенал пред другите клубови кои сакаат да го доведат во своите редови.

Настапите на Фекир за Бетис покажаа дека тој може да игра на највисоко ниво. Во Шпанија одигра 23 натпревари, постигна седум гола со шест асистенции и ги убеди челниците на Арсенал дека тој е вистинскиот.

ПОВРЗАНО

Ла Лига