Поранешниот дефанзивец на Манчестер Сити, Недум Онуоха признава дека никогаш не се чувствувал 100 проценти сигурен во САД и рече дека целосно ги поддржува тековните протести против полициската бруталност во Америка.
Бројни и насилни протести се одржуваат во САД ткако минатата недела Џорџ Флојд беше убиен од полициски службеник.
Флојд, Афроамериканец, почина на 25 мај, откако полицискиот службеник Дерек Шовин го притисна со коленото на вратот и го држеше неколку минути. Шовин, од полицијата во Минеаполис, е отпуштен и обвинет за убиство од трет степен.
Онуоха, кој сега игра за Реал Солт Лејк во фудбалот на мајорската лига во САД, вели дека ваквите масовни протести требало да се случат многу порано.
„Јас секогаш сум свесен за тоа како се однесувам. Во принцип, не сакам да го кажам тоа, но се плашам од полицијата, на која не верувам “, изјави Онуоха за „Би-Би-Си“.
„Никогаш не се чувствувам 100 проценти сигурен кога ќе излезам во САД“, додаде тој.