ФУДБАЛ

Поранешниот европски првак остана без титула: „Моите играчи имаат премногу секс“

Претседателот на ФКСБ (поранешна Стеауа) Џорџ Бекали ги обвинува своите фудбалери дека премногу често имаат секс.

ФКСБ најверојатно ќе остане без титула во Романија оваа сезона. Неодамна, овој поранешен европски шампион играше лошо, три натпревари во низа не ги победи, па сега осум бода се зад првопласираниот Клуж.

Бекали ги обвинува фудбалерите за нивниот активен сексуален живот.

„Моите играчи премногу често имаат секс со своите девојки и затоа не даваат добри настапи. Погледнете ги играчите на Клуж, на пример, тие водат љубов со своите девојки еднаш неделно и затоа се први“, рече првиот човек на ФКСБ.

Тој особено се осврна на младиот напаѓач Флоринел Комано, чија девојка изгледа бомбастично.

https://www.instagram.com/p/B8EjI2vDQf4/

“Ако барем Коман се одмори, сè ќе беше поинаку, но тој прави сè друго дома. Наместо да одмори …”, рече Бекли.