Француски Марсеј се обиде на необичен начин да го претстави своето ново засилување.
Со одлично видео и анимација на социјалните мрежи на фановите им открија дека Нуно Таварес (22) е новиот фудбалер на екипата на Велодром.
📝 DEAL DONE: Marseille have signed Nuno Tavares on a season-long loan from Arsenal.
(🎥 @OM_Officiel) pic.twitter.com/x2AcxFwhcs
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) July 30, 2022
Секако, начинот на претставување беше посебен и невообичаен во фудбалот, а навивачите очекуваат многу од Тавареш.
Споменатиот фудбалер дојде од Арсенал на едногодишна позајмица со можност за откупување на договорот, а претходно беше член на Бенфика каде што мина и низ јуниорските категории.
Тој забележа 30 настапи за младинските селекции на Португалија.
Во случај поранешниот европски првак да реши да го откупи договорот на Тавареш во летото следната година, на Тоник ќе треба да му плати околу 20 милиони евра.