Поранешниот фудбалер на Пари Сен Жермен, Ливерпул и Кристал Палас Мамаду Сахо (33) добил писмо од Монпелје, десет дена откако имал физички конфликт со тренерот.
Клубот и искусниот стопер се согласија дека разделбата е најдоброто решение, па Сако сега е слободен да избере нова средина.
Според француските медиуми, Сако го нападнал тренерот Мишел Дер Закаријан на неодамнешниот тренинг на првиот тим, го грабнал и го соборил на земја.
„Завршија на земја, мораа да се разделат, тепачката продолжи во соблекувалната. Сако бурно реагираше откако му рекоа дека е „плакач“. Го фати тренерот за јака и го фрли на земја.“ напиша „Екип“ .
Поранешниот француски репрезентативец настапува за Монпелје од 2021 година.
Монпелје вечерва му гостува на Пари Сен Жермен во 11. коло од француската Лига 1.
