Веста од Гана во врска со напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, привлече поголемо внимание отколку враќањето на Премиерлигата следната недела. Поранешниот фудбалер Мајкл Бој Маркеј изјави дека е биолошки татко на Рашфорд.
Во интервју за радиото „Стар ФМ“ во Гана, Мајкл Бој Маркеј ги изненади сите велејќи дека тој е биолошки татко на Маркус Рашфорд, кој сепак израснал како син на Мелани Рашфорд и Јамајканецот Жозеф Рашфорд.
65-годишниот поранешен фудбалер на Гана, кој живее во Велика Британија, тврди дека самата англиска sвезда знае дека тој е неговиот син и вели дека првично бил лут кога го дознал.
„Рашфорд е мојот син и тој го знае тоа, и покрај тоа што не се гледаме меѓусебно често со години“, рече Маркеј.
„На почетокот тој беше лут затоа што мислеше дека го напуштив, но тоа не е приказната“.
Маркеј, исто така, сакаше да даде до знаење дека тој не го објавува ова за лична корист.
„Многу луѓе се обидуваат да ме контактираат и да ми донесат некои новости, но јас не сум тип на личност што сака да заработи пари брзо или да стане познат“, додаде Маркеј.
„Само што сакав да го објаснам и да го известам целиот свет дека Маркус Рашфорд ги има своите корени во Гана“.