Роберто Фирмино би можел да се врати во Премиер лигата по само шест месеци, пренесуваат англиските медиуми.
Бразилскиот фудбалер минатото лето без отштета замина во Саудиска Ал-Ахли. На овој начин тој штотуку им се придружи на бројните фудбалски ѕвезди кои за огромна сума пари заминаа да играат во Саудиска Арабија.
Иако почетокот беше одличен, како што одминуваше времето на Фирмин му беше се потешко во својот нов клуб. Пред се, тој има проблем со новата средина и начин на живот, кој по многу нешта се разликува од она на што е навикнат.
Неговите менаџери сега бараат нов клуб за него во Англија. Тој беше понуден на неколку клубови, а за него најголем интерес покажа раководството на Фулам.
Клубот од Лондон би користел играч со неговото реноме, но последниот збор во трансферот ќе го има саудискиот клуб со кој има важечки договор.
