Сите против Роналдо. Најновиот што излезе против португалската ѕвезда е добро познатата личност на Јувентус, поранешниот претседател Џвани Коболи. Во интервју за „Калчомеркато“, Италијанецот остро реагираше кон Роналдо, дури и понуди решение, велејќи дека ако тој сè уште беше претседател тој никогаш не би го купил Роналдо и таквата приказна немаше да се случеше.
„Не е дека го ценам Сари, но овој пат тој е во право. Тоа беше замена што требаше да се направи затоа што Роналдо имаше проблеми со повредата, згора на тоа воведувањето на Дибала во игра го донесе решението на натпреварот. Играчот мора да ги прифати решенијата на тренерот. Роналдо мора да има понизност како вистински шампион.
Доколку проблемот не се реши, тогаш Јувентус мора да најде начин да покаже дека правилата важат за сите и никој не е исклучок. Да бев уште претседател, воопшто не би го купил Роналдо. Многу пари потрошиле на некој кој е многу стар. Овие пари би ги потрошил поинаку“.