ФУДБАЛ

Поранешниот шпански шампион го кани Елиф Елмас на шест месечна позајмица (ФОТО)

Се уште не е познато каде Елиф Елмас ќе ја продолжи кариерата, иако се погласни се шпекулациите дека во продолжението од сезоната нема да го носи дресот на германски Лајпциг. Има опција да се врати во Наполи, Фенербахче исто така е во игра, но се чини дека најконкретна е шпанска Валенсија за која настапува нашиот Столе Димитриевски. Најновите информации велат дека Валенсија понудила шестмесечна позајмица на Елиф Елмас, со можност потоа за целосен трансфер. Засега нема одговор од германскиот тим, но останува да се види што ќе се случи во јануарскиот преоден рок.

ПОВРЗАНО

Елиф ЕлмасСтоле Димитриевски