ФУДБАЛ

Поранешниот соиграч на Кристијано: Искрено, се смеевме на се што Роналдо правеше

Во периодот 2003-2009, Кристијано Роналдо играл за Манчестер Јунајтед, но малку е познато дека неговите тренинзи беа проследени со потсмев на тогашните клубски колеги.

Поранешниот играч на овој клуб Дарен Флечер опиша некоја ситуација од тренингот на Јунајтед и дека Роналдо некогаш беше предмет на потсмев меѓу другите фудбалери.

“Тој беше решен да стане најдобар во светот од моментот кога дојде во клубот. Тој беше навистина посветен, тоа не може да му се оспори”, започна Флечер, и продолжи:

“Го подигна тренингот на сосема ново ниво, а во почетокот луѓето му се восхитуваа и го почитуваа. Сепак, со текот на времето некои работи што ги правеше станаа малку смешни, тоа беше интересна ситуација, стави тегови на нозете за да стане побрзо. Гледавме и се смеевме, но тој не се грижеше за тоа. Тоа е причината зошто тој конечно заработил почитување од сите. “

Од тоа време до денес, Кристијано Роналдо освои пет златни топки и кој знае уште колку трофеи на клубско, репрезентативно и на индивидуално ниво.