Кога Лионел Меси стана нов играч на Пари Сен Жермен во летото 2021 година, тоа значеше дека ќе го добие Серхио Рамос за соиграч.
Двајцата фудбалери беа големи ривали повеќе од десет години играјќи за Реал Мадрид и Барселона. Поради ова, на повеќето навивачи им требаше време да се навикнат на фактот дека сега играат во ист тим.
Во пресрет на натпреварот на Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите против Јувентус, Рамос проговори за односот со Меси.
„Ние сме играчи кои имаат иста цел, а тоа е победа со ПСЖ . Сакаме да му помогнеме на тимот на најдобар можен начин со добра игра и искуство. „Нашиот однос е фантастичен, а тоа можете да го видите на теренот и надвор од него “, изјави шпанскиот дефанзивец.