Најдобриот фудбалер на Мундијалот, хрватскиот репрезентативец Лука Мидриќ, веќе со денови се поврзува со Интер, но иако се чинеше дека неговиот трансфер од Реал во Интер е речиси готов, сепак тој се уште е во Мадрид.
Меѓутоа, и покрај тоа што се стишиле гласините за трансферот на Модриќ во последните денови, никој со сигурност не може да каже дека Модриќ и наредната сезона ќе остане во Реал.
По повод шпекулациите за Модрич се огласи и угледниот хрватски менаџер, Марко Налетилиќ, кој верува дека хрватскиот репрезентативец еден дек ќе игра во Серија А.
„Колкаво е влијанието на Кристијано Роналдо на италијанскиот фудбал најдобро се гледа од фактот дека Интер го сака Модриќ и дека тој размислува за заминување од Реал. Модриќ сака да биде ѕвезда во Серија А со Интер. Ќе видиме, но верувам дека Модриќ порано или подоцна ќе игра во Италија. Покрај другото, како и сите Хрвати на негови години, пораснал гледајќи Серија А“, изјавил Налетилиќ.