ФУДБАЛ

Поразот на Тотенхем од Лидс ги остави без речиси никакви шанси да се пласираат во Лигата на шампионите

Фудбалерите на Лидс денес го совладаа Тотенхем со 3:1 на домашен терен во натпреварот од 35. коло на Премиер лигата.

Тотенхем сега е се подалеку од пласман во Лигата на шампионите следната сезона, а како што стојат работите, овој лондонски клуб ќе го гледаме во Лига Европа следната сезона.

Лидс со оваа победа дури дојде и до позиција да се бори за место кое води во Лига Европа, но сигурно е дека за нив е најважно дека тие одамна го обезбедија опстанокот и лесно можат да размислат за новата сезона.

Домашниот тим одлично го отвори натпреварот и поведе во 13. минута кога голот за 1:0 го постигна Далас.

Сепак, Тотенхем успеа многу брзо да се врати во мечот. Гостите изедначија на 1:1 во 25-та минута, а стрелец беше Сон по асистенција на Али.

Лидс не го тресе овој гол и играчите на овој тим продолжија да играат одлично. Домашниот тим поведе со ново водство во 42-та минута, а овој пат мрежата на Тотенхем ја затресе Бамфорд за 2:1.

Во второто полувреме Тотенхем се обиде да стигне до голот и да се врати во мечот, но не успеа во тоа.

Лидс стави крај на овој натпревар во 84. минута кога Родриго погоди за конечни 3-1 и се чини дека ги сруши надежите на Тотенхем за пласман во Лигата на шампионите.

Тотенхем е само шести со 56 бода и има пет бода помалку и натпревар повеќе од Челзи кој е четврти и позицијата води во Лигата на шампионите. Лидс сега е деветти со 50 поени.

ПОВРЗАНО

Премиер ЛигаЛига Европа