КОШАРКА

Портланд имаа ноќ за заборав

Во ноќта од среда кон четврток се одиграа 11 натпревари од НБА лигата.

Тимот на Портланд беше поразен од Кливленд со 107:104.

Скромно издание имаше тимот на Портланд, повторно најефикасен беше Лилард со 26 поени и осум асистенции.

Кливленд го предводеше Ален до победата со дабл-дабл ефект од 24 поени и 17 скока, а го следеше Секстон со 21 постигнат поен.

На другите натпревари беа забележани следниве резултати:

Индијана – Њујорк Никс 111: 98

Орландо – Бостон 79:92

Филаделфија – Чикаго 103: 98

Вашингтон – Торонто 100: 109

Бруклин – Атланта 117: 108

Мемфис – Денвер 108:106

Минесота – ЛА Клиперс 115:126

СА Спарс – Далас 108: 109

ГС Вориорс – Шарлот 114: 92

Сакраменто – Њу Орлеанс 112:99