Вечерва се одиграа напреварите од 7. квалификациско коло за ЕП 2020.
Вечерва во Лисабон, Португалија славеше убедлива победа над Луксембург со резултат од 3:0. Резултатот го отвори Силва во 16. минута, додека во 65. минута Роналдо го зголеми водството на Португалија на 2:0. Конечните 3:0 за домачините ги постави Гуедес. Португалија моментално се наоѓа на второто место на табелата во Група Б со освоени 11 бода, додека Украјна е прва со 16 бода.
Украјна на вечерашниот натпревар беше подобра од Ливтанија и славеше со 2:0. Головите за Украјна ги постигна Малиновски во 29. и 58. минута.
Чешка со пресврт успеа да ја совлада репрезентацијата на Англија, Англичаните го отворија резултатот во 5. минута а стрелес беше Кејн кој постигна гол од пенал. По само 4. минути игра односно во 9. минута, Брабец го изедначи резултатот на 1:1, за трумф на домаќините заслужен беше Зденек Ондрасек во 85. минута.
Црна Гора со Бугарија одиграа натпревар без голови.
Во Група А, Чешка и Англија имаат ист борј на бодови (12), додека Црна Гора и Бугарија имаат по 3 бода, а КОсово е на третата позиција со 8 вода.
Турција на самиот крај од натпреварот издвои победа а голот го постигна Тосун во 90. минута.
Светскиот шампион, Франција со голот од пенал на Жиру во 66. минута од натпреварот идзвојува победа вредна 3 бода.
Андора на домашен терен со минимален резултат ја совлада репрезентацијата на Молдавија, единствениот гол за домаќините го постигна Марк Валес во 63. минута.
Во Група Х, Турција и Франција имаат по 18 бода, на третото место од табелата се наоѓа Исланд со 12 бода, четвртото место го завзема Албанија со освоени 9 бода а на доното од табелата се наоѓаат Андора и Молдавија со по 3 бода.