Фудбал

Посебен детаљ го краси дресот на Јувентус

Фудбалерите на Јувентус денеска истрчаа на теренот против Торино со посебни детали за ракавите на дресот.

Со оглед на тоа што Џанлуџи Буфон вечерва станува рекордер по бројот на настапи во Серија А (648 натпревари), Јувентус реши да му оддаде почит на својот долгогодишен голман на овој начин.

Така, на ракавите на дресот за натпреварот со градскиот ривал Торино, на ракавите на фудбалерите се напишани бројот 648 и презимето на славниот голман.