ФУДБАЛ

Посебна ноќ за Роналдо која ја чека речиси 14 години

Во тек е дуелот од англискиот премиерлигаш помеѓу Манчестер Јунајтед и Вулверхемптон.

„Црвените ѓаволи“ на овој дуел се во потрага по триумф кој би ги оставил во трката за четвртото место, додека Вулверхемптон е закован на средината на табелата и секој бод на „Олд Трафорд“ би бил бонус за „волците“.

Овој натпревар ќе го памети и Кристијано Роналдо.

За прв пат од 2008 година, Роналдо како капитен го води Манчестер Јунајтед во натпревар од Премиер лигата.

Хари Мегваер е отсутен вечерва, па Ралф Рагник одлучи Роналдо да биде капитен на Јунајтед по речиси 14 години пауза.

Ќе видиме дали вечерва како капитен ќе го одведе тимот од Олд Трафорд до многу важен триумф.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига