ДРУГИ СПОРТОВИ

„После Австралија опен ќе се повлечам од тенисот“

Данската тенисерка Каролина Возњацки, поранешна број 1 во женска конкуренција објави дека конечно ќе се пензионира по Австралија опен.

„Играв како професионалец уште од 15 години и овој период претставуваше важно поглавје од мојот живот. Освоив 30 трофеи, бев број еден во светот за 71 недела, го освоив Австралија опен во 2018 година и учествував на три Олимписки игри. Така, остварив сè за што сонував“, рече Керолин Возњацки.

29-годишната данска тенисерка го потврди своето заминување преку Инстаграм и збогум ќе каже на единствениот Грен слем турнир што го освои во кариерата.

https://www.instagram.com/p/B5u5VsyCeBB/?utm_source=ig_embed