ФУДБАЛ

После два порази Удинезе славеше против Џенова, Бреша продолжи со очајната форма

Џенова беше домаќин на Удинезе во рамки на 11-то коло, при што гостите славеа со 3-1.

Ова беше натпревар помеѓу две екипи кои не беа во најдобра форма во последно време и се на дното на табелата.

Почетокот беше прилично изедначен, со тоа што домашната екипа први го донесе водството во 22-та минута кога Горан Пандев погоди за 1:0.

Сепак, само десет минути подоцна, гостите дојдоа до изедначувачот, откако Де Пол погоди.

Двата тима имаа шанси да дојдат до водство, а Удинезе успеа во 87. минута кога Кен Сема постигна гол.

Конечните 3:1 ги постави Лазања во 95-та минута, па Удинезе конечно ја забележа победата по двата тешки порази.

Верона славеше против Бреша со 2:1, со головите што ги постигнаа Салцедо Мора и Песина, додека Балотели постигна одличен гол за гостите.

Лече и Сасуоло одиграа 2-2. Домаќините поведоа со голот на Лападула, а Толјан изедначи на 1:1. Фалко на домашната екипа му донесе ново водство, а Берарди погоди за конечни 2-2.

ПОВРЗАНО

Горан Пандев