ФУДБАЛ

После овој потег, сите би сакале да го имаат Енди Робертсон како соиграч (ВИДЕО)

Интересна ситација се виде во завршетокот на првото полувреме од финалниот натпревар на Светското клупско првенство помеѓу Ливерпул и Фламенго.

Шкотскиот темперамент на Енди Робертсон дојде до израз кога го смири Садио Мане на пат кон соблекувалната.

Мане претходно имаше дуел со Рафињо по што Бразилецот заврши на подот, а судијата Ал-Jасим му го даде жолт картон на офанзивецот на „црвените“.

Сепак, Робертсон тогаш излезе на сцена, велејќи му на Сенегалецот да не се грижи и дека ќе го „одмазди“.

„Не грижи се, јас ќе го повредам, не грижи се“, му рече Робертсон на Мане на пат кон соблекувалната.