ФУДБАЛ

После погодокот, Локман му оддаде почит на Диоп

Фудбалерот на Фулам, Адемола Локман по на голот против Лестер, се присети на покојниот Сенегалец Папу Бубу Диоп.

Диоп почина на 42-годишна возраст, и беше херој на репрезентацијата на Сенегал на Светското првенство во 2002 година.

Во својата кариера играше и за Фулам, а по погодокот, Локман го зеде дресот на Сенегал со број 19 и го дигна во воздух.

Навистина убав потег да се покаже дека тој не го заборавил Сенегалецот.

Според официјалните информации, Диоп почина од невролошко пореметување.