Последен аплауз за шампионот, Сала погребан во родниот град (ВИДЕО)

Written by

in

Сцените од погребот на Сала беа навистина болни, зашто никој не може да се помири со фактот дека Аргентинецот повеќе го нема. Сепак, при изнесување на ковчегот од катедралата се слушна и аплауз во негова чест.

Да потсетиме, Сала загина во авионска несреќа на 21 јануари на пат од Нант кон Кардиф, каде што требаше да заигра за велшкиот тим, но неговото летало се урна во Ламанш.

По неколкунеделна потрага беше пронајден мртов и по обдукцијата беше потврдено дека загинал од повреди на главата и телото, додека телото на пилотот Дејвид Иботсон никогаш не беше пронајдено.