Ракометниот клуб Вардар го има обезбедено местото во четвртфиналето на регионалната СЕХА лига, но желба на сите во тимот е со победа над Татран Прешов в понеделник вечер, да биде осигурана првата позиција во групата.
Вардар во сите девет сезони играше на финалните турнири во СЕХА, па и сега амбициите се исти. Дуелот со Словаците е последен во „Јане Сандански“ за македонскиот и европски првак.
– „Ја исполнивме целта и се пласиравме во четврт-финалето. Нашата цел беше и да бидеме први во групата. До крајот на групната фаза имаме уште две средби и потребно е да освоиме три бода и сметам дека можеме да го направиме тоа. Во моментов тоа е нашата цел и очекувам да ја исполниме”, изјави Едуард Кокшаров, тренерот на Вардар.