Сагата за тоа каде следната сезона ќе игра легендата на Тотенхем, Хари Кејн, трае од стартот на летниот преоден рок, а може да заврши деновиве.
Претставниците на Баерн денеска полетаа за Лондон за да се обидат да го убедат претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, да им го продаде Кејн, пренесуваат британските медиуми.
Капитенот на Англија има договор со Спарс до 30 јуни следната година, не сака да го продолжи, па логично е сега да ја смени средната. Во еден момент се чинеше дека Баерн ќе биде неговиот нов клуб, но тврдоглавиот сопственик на Тотенхем, Даниел Леви, одби две понуди од германскиот шампион, од 70 и 80 милиони евра. Тогаш како опција се појави Манчестер Јунајтед, но се уште не пристигнала конкретна понуда од Олд Трафорд, а во игра наводно е и Пари Сен Жермен.
Сепак, Кејн сака да оди во Баерн и тоа може да биде одлучувачки фактор на крајот. Третата и последна понуда од Баварците наводно ќе биде 90 милиони евра.
Дали тоа е бројка што ќе го задоволи Леви, останува да видиме…
Кејн постигна рекордни 280 голови на 435 натпревари за Тотенхем. Тој е и рекордер на репрезентацијата на Англија со 58 гола на 84 натпревари.
