Натпреварот против Белорусија беше последниот натпревар на нашата репрезентција.
Нашата репрезентација не успеа да ја поправи лошата статистика, денеска загубија од Белорусија со 30:26.
Македонија одлично го започна натпреварот, првото полувреме игаа одлично, Македонија дури и беше во предност уште од 5. минута но разликата беше гол-два, а поголемиот дел се играше гол за гол, па на поуза заминаа со 14:14.
Второто полувреме добро играа се до 42. минута, но потоа следуваше „црна серија“, а Белорусите стигаа до највисоки 6 гола разлика (29-23), по што до крајот на натпреварот за 4 минути постгнаа само еден гол, а Македонија 3 гола за конечни 30:26.

Во редовите на Македонија, Лазаров беше прв стрелец со седум гола, втор со четири гола беше Кузмановски, Митревски запиша девет одбрани.