Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос игра одлично и оваа година.
Иако е дефанзивец, Рамос е познат по тоа што често постигнува гол. Така, денес, во натпреварот против Осасуна, тој постигна гол во победа на Реал од 1:4.
Тоа беше негов трет гол во Ла Лига оваа сезона, а вкупно петти во оваа сезона. Интересно е што ова е 17-та последователна сезона во која Рамос постигнува најмалку еден гол во Ла Лига.
Последниот пат кога тој не постигна гол, неговиот сегашен соиграч Винисиус Јуниор имаше само три години.
Патем, Рамос денес го направи својот вистински мал јубилеј, бидејќи го постигна 90-от гол во дресот на Реал Мадрид.
Тој, исто така, постигна неколку многу важни голови за клубот кои верно ќе останат во историјата, како оној во финалето во Лигата на шампионите во 2014 година против Атлетико Мадрид, во судиското надополнување.
Патем, тој досега има освоено четири титули во Ла Лига и четири во Лигата на шампионите.