На денешен ден во 1991 година, фудбалскиот клуб Црвена звезда го освои Купот на шампионите, откако во финалето го совлада Олимпик Марсеј со 5:3 по подоброто изведување пенали.
Натпреварот се играше во Бари, а бидејќи во регуларните 90 минути немаше голови, се играа продолженија. Во дополнителните 30 минути немаше голови, а потоа „црвено-белите“ победија со 5:3 по изведувањето пенали.
Головите за Звезда од 11 метри ги постигнаа Роберт Просинечки, Драгиша Биниќ, Миодраг Белодедиќ, Синиша Михајловиќ и Дарко Панчев.
Црвена звезда без пораз стигна до најголемиот успех во историјата и со тоа со златни букви влезе во фудбалските анали.
Во тој состав беа македонските фудбалери Дарко Панчев и Илија Најдовски.
