ФУДБАЛ

Постигна два гола против Сити, но себеси не се смета за херој: „Тие не испратија во финалето“

Реал Мадрид се пласираше во финалето на Лигата на шампионите во средата по нов пресврт.

Иако Сити имаше водство од 3-5 во 89. минута, Родриго постигна два гола и го испрати натпреварот во продолжение во кое Бензема го постигна решавачкиот гол од 11 метри и го испрати Реал Мадрид во реприза на финалето во 2018 година каде ќе игра против Ливерпул.

 

Реал Мадрид со тоа стана првиот клуб кој загубил натпревар во осминафиналето, четвртфиналето и полуфиналето од Лигата на шампионите, а сепак ќе игра во финалето.

 

Еден од хероите секако е Родриго, но тој ги смета навивачите на Реал Мадрид за херои.

 

„Публиката беше неверојатна, не испратија во финалето по првиот гол. Еден млад играч како мене успеа да ја разбере легендата на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ за време на европските вечери дури по натпреварите со ПСЖ, Челзи или Манчестер Сити“, изјави Бразилецот и додаде:

 

„Да бидеме искрени и отворено да кажеме – во 90. минута не мислевме дека е можно трето чудо, за малку ќе испадневме. Но потоа дојде мојот гол и се се смени“.

 

Финалето на Лигата на шампионите е закажано за 28 мај во Париз.