Фудбалерите на Реал Мадрид синоќа го освоија шпанскиот Суперкуп откако во финалето го совладаа Атлетик Билбао со 2-0.
Кралскиот клуб без поголеми проблеми успеа да дојде до нов трофеј, а во Ријад во финалниот меч го совлада Билбао со 2-0.
Реал го постигна првиот гол во 38. минута од натпреварот кога фантастичен гол од врвот на шеснаесетникот постигна Лука Модриќ по асистенција на Родриго.
Прашањето за победникот го реши Карим Бензема на самиот почеток на второто полувреме кога беше сигурен од белата точка за конечни 2:0.
Иако веќе има 36 години, Модриќ покажа дека се уште игра во неверојатна форма, а поради одличната игра на синоќешниот натпревар сосема заслужено ја доби наградата за најдобар играч на ова финале.
Покрај голот, Модриќ имаше и еден потег кој ја воодушеви фудбалската јавност, а тоа се случи во 70. минута кога фантастично му ја заби топката низ нозете на Весги и предизвика ерупција од ентузијазам кај навивачите на трибините.