ФУДБАЛ

Постигна гол, го гаѓаа со пиво, зел чаша и наздравил: „На здравје“

Митјиланд вчера во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Данска го совлада Вејле со 0:1 на гостински терен.

Решавачкиот гол во 68. минута од натпреварот го постигна Андерс Драјер, 23-годишниот дански фудбалер кој освен што постигнуваше голови, славата на овој меч ја стекна и на друг начин.

Имено, домашните навивачи фрлаа со пиво кон него и неговите соиграчи. Собра една и „наздрави“ со навивачите на Вејле.

Дрејер е позајмен од Рубин Казан и ова беше негов шести натпревар за данскиот клуб. Во последните четири, во победите против Рандерс, Алборг, Брондби и Вејле, постигна гол и се покажува како големо засилување за моментално второпласираниот тим од данскиот шампионат.

Реваншот меѓу Митијланд и Вејле е закажан за 4 мај од 18 часот.

Во вториот полуфинален натпревар Одензе победи со 1:2 на гостувањето кај Сондериске и ќе биде интересно да се види дали Вејле и Сондериске можат да направат пресврт и да се пласираат во финалето.